Утрински Весник
Спорт

Леклер инсистира дека нема да го смени Хамилтон во Мерцедес

Леклер инсистира дека нема да го смени Хамилтон во Мерцедес

Шарл Леклер и Луис Хамилтон не дадоа многу значење на шпекулциите дека Леклер ќе го замени седумкратниот шампион Хамилтон во Мерцедес, доколку тој реши да се пензионира или да заминее од „сребрената стрела“ на крајот на сезоната.

dobivaj vesti na viber

38-годишниот Хамилтон има договор до крајот на сезоната со Мерцедес и досега изгледаше дека продолжувањето на договорот е само формалност, но по слабата форма на Мерцедес, преговорите повторно застанаа. Повеќе Ф1 медиуми минатата недела јавија дека е „отворена тајна“ дека Леклер преговара со Мерцедес, но Хамилтон не е загрижн.

„Можеби сите возачи имаат различни односи со различни шефови. Мене ми се допаѓа позицијата во која сум, го сакам мојот тим. Благодарен сум на патот на кој сме заедно и од работата која ја завршуваме. Формата оваа сезона нема големо влијание на мојата одлука“, вели Хамилтон.

Леклер пк, инсистира дека има „нула вистина“ во шпекулациите.

„Сите сте насмеани бидејќи не ми верувате, но ви ветувам дека е така. Засега, целосно сум фокусиран на проектот и на Ферари и сигурен сум во мојата иднина“, вели Леклер.

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС