Утрински Весник
Спорт

Лекип: Меси повеќе не сака да игра за ПСЖ

Лекип: Меси повеќе не сака да игра за ПСЖ

ПСЖ го суспендираше Лионел Меси на две недели без тренинг или натпревари поради неговото ненајавено патување во Саудиска Арабија. Аргентинскиот напаѓач треба да се врати на теренот за последните три натпревари на ПСЖ оваа сезона, но веројатно е дека тоа нема да се случи.

dobivaj vesti na viber

Можно е дека тој против Лориен (1:3) го одигра својот последен натпревар за ПСЖ.

„Лекип“ пишува дека „Меси повеќе не се гледа како игра за ПСЖ“, односно дека по натпреварите против Троа и Ажаксио, би можел да го пропушти и крајот на сезоната, односно дуелите со Оксер,.Стразбур и Клермон.

Сето ова се случува во моментот кога ПСЖ има само пет бода пред Марсеј во последниот чин од сезоната. Тренерот на тимот Кристоф Галтие ќе смета на Меси за последните три натпревари, но прашање е дали Аргентинецот ќе сака да игра.

„Меси нема да се врати по она што се случи и не може да замисли повторно да игра на „Паркот на принцовите“, бидејќи знае дека повторно ќе биде пречекан со свирежи“, пишува „Лекип“.

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја