Утрински Весник
Спорт

„Лекип“ контра Меси за неговите 52 лета со приватен авион за само три месеци

„Лекип“ контра Меси за неговите 52 лета со приватен авион за само три месеци
Ss2

Приватниот авион на Лионел Меси оставил во атмосферата јаглерод во само три месеци колку што просечниот Французин би го направил во 150 години, тврди спортскиот весник „Лекип“ критикувајќи ја аргентинската фудбалска ѕвезда за неговите неверојатни 52 лета од 1 јуни до 31 август.

dobivaj vesti na viber

Според „Лекип“, 30 од овие лето биле интерконтинентални, 14 преку Атлантикот, по што се испуштиле 1.502 тони јаглероден диоксид во атмосферата.

Ss1

Нивните докази велат дека тој направил серија патувања помеѓу Аргентина и Америка летајќи петпати од Буенос Аирес до Мајами. Тој патувал и од Монтевидео, Уругвај до Мајами на 10 јуни, 22 јуни и 23 јуни, а имало и патувања до Бразил и, секако, летови од Европа до Јужна Америка, како и неколку лета до Барселона, каде што уште има куќа.

Ss1

Можете да прочитате

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале