Утрински Весник
Магазин

Легендарниот филм „Пурпурен дожд“ на Принс добива свој мјузикл на Бродвеј

Image 2026 08 07 192022132.png

Легендарниот филм „Пурпурен дожд“ („Парпл рејн“) ќе добие свој мјузикл кој ќе се одигра на Бродвеј, носејќи нова сценска интерпретација на веќе познатата приказна. Мјузиклот, базиран на истоимениот филм од 1984 ќе содржи дел од најголемите хитови на Принс, меѓу кои и насловната нумера „Пурпурен дожд“

Музичката претстава ја следи приказната од филмот „Пурпурен дожд“. Главната улога ја толкува Принс, за млад музичар познат како „Детето“. Тој се обидува да го издигне својот бенд до врвот, додека истовремено се соочува со сопственото турбулентно минато

Автор на текстот е Бренден Џејкобс-Џенкинс, музиката е на Принс, во режија на Лилена Круз. Продукцијата е на Боби З и Морис Хејс, на чело со Орин Вулф.

Светската премиера на „Пурпурен дожд“ се одржа минатата година во Државниот театар во Минеаполис. („State Theatre“).

Мјузиклот ќе почне да се изведува од 12 март 2027 година во театарот „Меџестик“ во Њујорк.

Можете да прочитате

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години