Утрински Весник
Македонија

Лефков: До кога мислат во СДС дека ќе бегаат без да се извинат за Артан Груби?

Mile Lefkov 15.01.2025.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:

До кога мислат во СДС дека ќе бегаат без да се извинат за Артан Груби?


Артан Груби направи милионски криминал во влада чиј премиер беше од СДС, во влада каде МВР го водеше СДС и влада во чие време судството и обвинителството испорачуваа под партиски притисок. Во такво време нема никаква можност СДС да не знаеле за криминалот на Груби.

Повеќе од јасно е дека го одмолчеле, а сега исто како тогаш го одмолчуваат и мислат дека народот ќе им заборави.

СДС треба да знаат дека најмалку што му должат на народот е извинување за криминалите кои дозволија да ги направи Артан Груби.

Македонија тонеше со години, затоа што Груби и таквите како него крадеа.

Одговорноста дојде и одговорност за секој има. Само СДС како политичка партија не сфати дека мора да излезе и не само јавно да се огради од Груби, туку и да се извини за него.

Можете да прочитате

Филков: Разрешувањето на Коцевски е неопходен чекор за враќање на довербата во правосудството

Доматите 120 во маркет, а откуп 30 денари – Не сме виновни за високите цени, велат производителите

Сообраќај по влажни коловози, намалена видливост поради магла