Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Лејкерси: Ќе ја поддржиме секоја одлука на Леброн

Лејкерси: Ќе ја поддржиме секоја одлука на Леброн
300x250 opst2

ЛА Лејкерси добија „метла“ од Денвер Нагетс во финалето на Западот. По поразот во четвртиот натпревар, зборовите на Леброн Џејмс привлекоа големи реакции во јавноста. Леброн најави дека размислува да стави крај на кариерата.

dobivaj vesti na viber

Малку е веројатно дека Леброн, ќе реши да ја заврши кариерата, по убедливиот пораз од Денвер. Голем број медиуми и аналитичари коментираат дека само сакал да го привлече вниманието, односно малку да се зборува за метлата која ја добија Лејкерси од Нагетс.

Два дена по елиминацијата се огласија и челниците на Лејкерси со кои „Кралот Џејмс“ има договор на уште две години. Роб Пелинка, генералниот менаџер, се надева дека Леброн ќе ја продолжи својата неверојатна кариера.

„Има време да се разговара за се. Леброн и даде на кошарката повеќе од кој било пред него во историјата. Тој го заслужи правото да одлучи што е најдобро за него. Се надеваме дека ќе продолжи да игра, но и да одлучи поинаку ќе ја има нашата апсолутна поддршка“, изјави Пелинка.

Леброн во финалето против Денвер имаше просек од 24,4 поени, 9,9 скока и 6,5 асистенции.

Можете да прочитате

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!