Утрински Весник
Македонија

ЛДП предлага пасошите да важат до истекот на нивниот рок со печат на Северна Македонија

Ldp.jpg
Ss2

Во настојувањето да се олесни движењето на граѓаните на Република Северна Македонија надвор од границите на државата и проблемите со кои се соочуваат при патувањата, но и престој во странство, пратениците на Либерално-демократската партија предлагаат дополнување на Законот за патните исправи.

„Предложените дополнувања се насочени кон унапредување на патните исправи и дефинирање јасни правила за државјаните на земјата, при што ќе се овозможи непречено движење на граѓаните надвор од границите и повторно враќање во неа со поседување валидна патна исправа, односно патна исправа која содржи печат на Република Северна Македонија, со која државата го потврдува идентитетот на лицето и важи до истекот на рокот на важноста на патната исправа“, појаснуваат од ЛДП.

300x250 (7)

Според партијата, оваа иницијатива е мотивирана од потребата за доследно почитување на уставно загарантираните права на слобода на движење. Промените се предложени по итна постапка поради нивната значајност за основните човекови права и не донесуваат дополнителни финансиски импликации на буџетот ниту на граѓаните ниту, пак, на државата.

„За нас, секој е важен и сметаме дека патната исправа, која важи како потврда со која државата гарантира за идентитетот на нејзиниот сопственик, може да биде валидна и со печатот Република Северна Македонија до истекот на рокот на важноста, а потоа да биде соодветно заменета на нов образец. Со ова сметаме дека не се нарушува преспанскиот договор, кој доведе до исполнување на државната цел – членството во НАТО“, додаваат од ЛДП.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: Новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, пензионерска картичка со попусти

Стевановиќ: СДСМ нема да се откаже од европска иднина и од држава во која има функционално владеење на правото

Даштевски: Гласањето помина мирно – 24info.mk