
Скопјанец бил измамен од лице кое лажно се претставувало како полициски службеник. Му биле одземени 3.500 евра со ветување дека ќе му помогне да врати претходно изгубени средства.
Од МВР велат дека случајот бил пријавен на 24 март во СВР Скопје. Според пријавата, 45-годишен жител на Скопје добил телефонски повик од лице кое се претставило како вработен во полиција и му понудило помош за враќање на 40.000 евра.
Станува збор за сума која оштетениот претходно ја вложил во странска фирма во која бил вработен, а која во меѓувреме престанала со работа.
По извесен период, откако ветената помош не била реализирана, граѓанинот сфатил дека станува збор за измама и го пријавил случајот во полиција.
Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификација на сторителот.

