Утрински Весник
Спорт

Лазаров: Тунис заслужено нѐ победи

Лазаров: Тунис заслужено нѐ победи

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Тунис со 28:33 во вториот натпревар од групата на „Президент куп“ во Плоцк. Селекторот Кирил Лазаров вели дека Тунис ја заслужил победата затоа што прикажал подобра игра.

dobivaj vesti na viber

„Тунис ја заслужи победата, беа подобри токму во оние елементи од играта кои се покажуваат дека, пак, нас ни недостасуваат. Ние имавме можност за подобар резултат, имавме предност од еден гол а потоа и две можности за поголема предност, но очигледно не сме доволни во таквите моменти кога треба да се прекрши резултатот. Тунис имаше поквалитетни играчи, менталитет и заслужено дојде до победата. Мора да кажам дека загубивме од навистина квалитетна селекција која, исто како и нас, не заслужува да игра во Президент купот, но тоа е ракометот“, истакна Лазаров по поразот од Тунижаните.

Натпреварите до крајот на Светското првенство треба да послужат за помладите ракометари да се стекнат со неопходното меѓународно искуство.

„И пред почетокот на Президент купот кажав дека ова ќе биде можност за помладите ракометари, дека шанса ќе дадеме на помладите за да стекнат што е можно поголемо искуство и самодоверба за во иднина. Токму тоа ќе биде нашата мисија тука, искуство за помладите. Не чека многу напорна работа при оваа смена на генерациите. Се виде колку ни недостасуваат искусните, но во исто време силно веруваме во оваа младата генерација која во иднина треба да го покажува својот вистински квалитет“, посочи селекторот.

Можете да прочитате

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА