Утрински Весник
Свет

Лавров: Мировниот план на Киев не е реален, војната ќе се реши на бојното поле

Лавров: Мировниот план на Киев не е реален, војната ќе се реши на бојното поле

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави денеска дека мировниот план предложен од Украина, како и најновите предлози на ОН за заживување на договорот за извоз на украински жита преку пристаништата на Црното Море не се реални.

dobivaj vesti na viber

Лавров говореше по една недела интензивна глобална дипломатија на годишниот собир на светските лидери во седиштето на ОН во Њујорк, каде Украина и нејзините западни сојузници се обидоа да соберат поддршка за Киев.

„Тоа е целосно неостварливо“, рече Лавров за мировниот план од 10 точки што го промовира Киев. „Не е можно да се спроведе, не е реално и сите разбираат, но истовремено велат дека тоа е единствената основа за преговори.

Тој рече дека конфликтот ќе биде решен на бојното поле доколку Киев и неговите западни сојузници останат на таа позиција.

Лавров додаде дека Москва се откажа од иницијативата за жито во Црното Море бидејќи ветувањата дадени на Русија – вклучително и укинување на санкциите против руската банка и нејзино повторно поврзување со глобалниот систем SWIFT – не беа исполнети.

Тој рече дека најновите предлози на ОН за заживување на тој извозен коридор за украинските земјоделски производи се „едноставно нереални“.

Можете да прочитате

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија

Маж во Индија се разбудил миг пред кремирањето

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година