Утрински Весник
Свет

Лавров предупредува: Воено-биолошките активности на голем број земји придвижуваат сериозни прашања

Lavrov 1.webp.webp

Воено-биолошките активности на одделни држави вон нивните територии придвижуваат сериозни прашања во врска почитувањето на Конвенцијата за забрана за биолошко и хемиско оружје. Тоа денеска го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на семинар за националната примена на таа Конвенција.

Тој изјави дека биолошката безбедност и понатаму е актуелно прашање укажувајќи на прекуграничната природа на биолошките закани, потенцијалната злоупотреба на биотехнологијата и можна употреба на биолошки агенси и токсини како терористичко оружје.


Лавров додаде дека воено-биолошките активности на одделни држави вон нивната територија што се спроведуваат под изговор соработка претставуваат сериозно прашање во врска со почитувањето на Конвенцијата. Лавров оцени дека напорите за универзализација и јакнење се потребни повеќе од кога било претходно.

Како приоритети на Русија ги наведе изработка на универзално, правно обврзувачки протокол со Конвенцијата, со ефикасен механизам на верификација, како и исполнување на обврските на државите потписнички. Тој додаде дека Русија се залага за воспоставување систем за процена на научно-технолошкиот напредок во биолошката област и контрола на истражувања.

Можете да прочитате

Писмо на Фицо до Фон дер Лајен: Огромен пораст на цените на горивата во Европа, а ЕУ е загрижена само за Украина

Бразил, Германија, Индија и Јапонија побараа итна реформа на Советот за безбедност на ОН

Масакр во ЈАР – Единаесет луѓе убиени на домашна забава