Утрински Весник
Спорт

Ларс Валтер: Разочарани сме, пропуштивме многу шанси

Ларс Валтер: Разочарани сме, пропуштивме многу шанси

Еурофарм Пелистер го загуби клучниот меч од Мотор Запорожје со 25:27 и не успеа да ја мине групата во Европската лига на ЕХФ. Тренерот Ларс Валтер не го криеше разочарување од играта и од резултатот.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да му честитам на противникот за победата и за пласманот. Би сакала да се заблагодарам и на навивачите за одличната атмосфера, за жал, ги разочаравме. И јас сум тажен и разочаран од конечниот епилог. Не реализиравме неколку одлични можности, а противникот остана смирен и нѐ казни“, изјави Ларс Валтер.

Пикерот Жарко Пешевски истакна дека ракометарите сега мора да се фокусираат на титулата во домашниот шампионат.

„Направивме многу технички грешки, а ова беше решавачки меч и не смеевме тоа да си го дозволиме. Имавме голем мотив, но пропуштивме многу шанси. Сега треба брзо да се освестиме и со мирни глави да ги пречекаме следните предизвици“, изјави Пешевски.

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД