Утрински Весник
Свет

Лапид: Владата на Нетанјаху е егзистенцијална закана за Израел

Picture 699 660x486 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата влада „станаа егзистенцијална закана за Израел“, изјави денеска лидерот на опозицијата Јаир Лапид, обвинувајќи ги за уништувањето на политиката на одвраќање на Израел. Зборувајќи со новинарите пред состанокот на фракција на неговата партија „Јеш Атид“ во Кнесетот, Лапид истакна дека и пријателите и непријателите на Израел „ја чувствуваат слабоста“ на актуелната влада. -Бев во Вашингтон минатата недела, на средба со целата администрација. Тие се шокирани од оваа влада: недостатокот на одговорност, недостатокот на професионализам, лошото управување, наведе тој, пренесе „Тајмс оф Израел“. Лапид наведува дека додека САД ја потврдија својата посветеност на безбедноста на Израел, Нетанјаху тоа не го стори. -Сè што остана од ’господин Безбедност“ се урнатините од Бери до Кирјат Шмона, насилството на еврејските терористи кои излегоа надвор од контрола и целосното губење на израелското одвраќање, додаде Лапид.

Можете да прочитате

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати

ДЕТАЛИ ОД РАЗГОВОРОТ ТРАМП – ПУТИН: И двајцата против предлогот на ЕУ

Нетанјаху утре на средба со Трамп