Утрински Весник
Балкан

Албанија е шеста по број на смртни случаи од сообраќајни несреќи во Европа

Picture 696 660x412 1.jpg
Img 5587

Според Институтот за статстика, ИНСТАТ, во 2022 година во сообраќајни несреќи во Албанија животот го загубиле 164 лица или 59 лица на милион жители.  Оваа бројка е повисока од просекот на Европската унија од 46 жртви на милион жители, покажуваат податоците објавени од Евростат. -Албанија е на шестото место, права е Романија, која го држи рекордот со 86 смртни случаи на милион жители, а најмал број на загубени животи во сообраќајни несреќи има во Шведска (22). Нема неодамнешни податоци за земјите од регионот, но претходните статистички податоци укажуваат дека нивниот број е помал отколку во Албанија, наведува Ора њуз. Сепак, позитивно е тоа што бројот на жртви од сообраќајни несреќи во Албанија е значително намален во последните години. Во 2022 година имало 164 смртни случаи, што е најниска бројка досега забележана од 2000 година, кога се пријавени 280. Во споредба со 2017 година, кога е забележан рекорден број на жртви, дури 384 изгубените животи се преполовени во 2022 година. Според ИНСТАТ околу 70-80 отсто од сообраќајните несреќи се предизвикани од возачи. Младите од 25-34 години се генерално најневнимателни.

Ss1

Можете да прочитате

Тахири: Курти го збунува светот со приказната за динарот и нанесува неизмерна штета на Приштина

Поднесено обвинение против против поранешниот хрватски министер Баножиќ

Јоурова: Владеењето на правото е основа на европската архитектура, мора да го заштитиме од негативни трендови