Утрински Весник
Економија

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто

Skopje.webp.webp

Вкупниот број на туристите во земјава лани бил поголем за 6.0 % во однос на 2024 година. Кај странските туристи има зголемување од 10.3 %, а кај домашните намалување од 2.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата, пак, бележи раст од 0.8 %. Кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а кај странските раст од 6.4 %.

Во декември 2025 година, од вкупниот број туристи, 36.7 % биле домашни, а 63.3 % се странски туристи. 

Бројот на ноќевањата во декември 2025 година изнесува 112 001, од кои 42.4 % се од домашните туристи, а 57.6 % од странските.

Можете да прочитате

Битиќи: Владата ја задолжува државата без план каде ќе завршат парите

Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра

Промовирана нова платформа за дигитално управување со земјоделско производство