Утрински Весник
Македонија

Средба Џафери – Османи: Северна Македонија во духот на добрососедството, дава поддршка на евроатлантските аспирации на Косово 

15042024 Pvrsm 1.jpeg
300x250 (7)

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во рамки на учеството на конференцијата „Меѓународен форум за жени, мир и безбедност” во Приштина, оствари средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу. 

На почетокот од средбата, премиерот Џафери на претседателката Османи и се заблагодари за укажаното гостопримство и поканата за учество на конференцијата којашто е во организација на косовската претседателка. 

Img 5587

Меѓу другото на средбата беше потенцирана заложбата на двете земји за развојот на билатералните односи, како и актуелните предизвици на регионален и мултилатерален план, а поврзани со безбедносната состојба и економскиот напредок на регионот и пошироко.

Во фокусот на разговорот беа севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Косово и можностите за нивно унапредување, во сите области од заемен интерес.

Премиерот Џафери, го реафирмираше ставот дека Северна Македонија во духот на добрососедството, дава поддршка на евроатланските аспирации на Косово, како и поддршка за активно приклучување на Косово во постојани форуми и регионални иницијативи. 

Соговорниците разменија мислења за целосна интеграција на сите земји од регионот на Западен Балкан во Европската Унија, потенцирајќи дека тоа значи сигурност, стабилност и севкупен напредок за сите граѓани. Во оваа насока, претседателот на Владата на Северна Македонија, Талат Џафери, истакна дека нашата држава, како земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во ЕУ, е подготвена да ги стави стекнатите знаења и искуства на располагање на Косово. 

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Талат Џафери, потенцираше дека Северна Македонија ги следи состојбите меѓу Приштина и Белград и го подржува дијалогот, истакнувајќи дека е потребна конструктивност од двете страни и дека Косово и Србија треба да ги исполнат преземените обврски од Брисел и Охрид. 

Премиерот Џафери и претседателката Османи, заеднички констатираа дека мирното решавање на отворените прашања на Западниот Балкан треба да биде апсолутен императив за сите.

Ss1

Можете да прочитате

Вработените на ФЗО излегоа на протест, најавија генерален штрајк

Бајрами: Без пратениците од Европскиот фронт не може да се формира ниту една влада

За брзо возење изречени 133 санкции за еден ден