Утрински Весник
Македонија

ЛАДНИОТ ЦИКЛОН СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС: Ќе донесе многу дожд, снег, и снежна покривка од над 60 сантиметри!

Meteoalarm.mk 46.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на голема влажна  и многу постудена воздушна маса од север, од утре (Петок 29 Ноември, до ноќта недела кон понеделник, 1/2 Декември), времето во Македонија ќе биде облачно и студено со пообилни врнежи од дожд (локално над 50/60 литри на метар квадратен воден талог), додека на планините  и на повисоките места ќе има врнежи од снег, каде ќе се формира голема снежна покривка.

На планините се очекува да се формира снежна покривка од над 50/60 cм, особено во западната половина од Македонија, додека на повисоките места таа ќе биде со висина од над 30/40 cм. Поради влијанието на студената воздушна маса, особено во западните, југозападните и во северозападните предели од Македонија и во пониските места (градовите) повремено ќе има пообилни врнежи од снег, кој би бил претежно влажен и тежок. Во овие пониски места исто така очекуваме формирање на снежна покривка, понекаде со висина од над 20/30 cм.

НАПОМЕНА: Поради тежината на снегот, особено во градовите во погоре споменатите предели можни се проблеми. На планините ќе има услови и за појава на снежни наноси. Сето ова ќе биде проследено и со ветер од северен и од североисточен правец, кој повремено ќе засилува на интензитет.

Што се однесува до Скопскиот регион, за време на овој период ќе има пообилни врнежи од дожд, а на околните планини, во сабота  и во повисоките предели од котлината врнежите ќе бидат од снег, каде ќе се формира снежна покривка. Во ниските предели од котлината ќе врне претежно дожд, иако во сабота особено рано наутро и претпладне не се исклучува можноста  за појава на лапавица  понекаде  и во пониските делови од котлината, без создавање на некоја снежна покривка.

Апелираме, во случај доколку патувате низ планинските превои, да бидете крајно внимателни поради очекуваните обилни врнежи од снег, и крајно внимателно да управувате со вашите возила.

Што се однесува до температурите, тие значително ќе опаднат, наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 6 степени, додека во недела на крајниот југоисток тие ќе се искачат до околу 9 степени. Во Скопје за време на овој период, температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 2 и 5 степени.

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ