Утрински Весник
Македонија

Пановски за „Фокус“: ВМРО-ДПМНЕ за инает на Арсовска ги саботира и сопствените проекти

Screenshot 2020 05 25 24 Analiza Otvoreno Studio 18 3 2020 Youtube.png

Никола Пановски, советник од Коалицијата движење одлучно за промени вели дека градоначалничката Данела Арсовска постојано се кара со сите, ги навредува, забранува комуникација, но дека инает водат и од ВМРО-ДПМНЕ.

„Таа воопшто не се појавува, не разговара со никој, а и тогаш кога ќе се појавела, само ќе ги навреди сите и си заминува. Со неа не можеш да размениш мислење, да се договориш, без да се скараш или да бидеш навреден.

Еве, ај да речеш се расправа со сите тие што не ги поддржуваат проектите, но јас лично сум гласал за сите, па постојано се караше и со мене и ме навредуваше“, истакна Пановски во изјава за „Фокус“.

Тој додава дека во целата оваа приказна, голема вина имаат и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои за инает не ги гласаат проектите, кои реално се од нивната програма.

„ВМРО не ги гласаат и нивните проекти, и тоа само затоа што се скарани со неа. Затоа што и на нив политиката им е поважна од граѓаните. И затоа нормално добиле наредба од Мицкоски. А, народот, нели знаеме – колку повеќе го малтретираат, толку повеќе ги гласа.

Можете да прочитате

Земјотрес ги разбуди скопјани – Епицентарот во Албанија

Груби се повлекува од јавниот живот

Мијалков му беше главен ментор на Груби, вели Изет Меџити