Утрински Весник
Свет

Ладен туш за Украина: Словачкиот премиер ќе го блокира влезот во НАТО додека тој е на власт

Screenshot 2024 10 07 122315.jpg

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека ќе го блокира влезот на Украина во НАТО се додека тој е на чело на владата.

Потсетуваме дека НАТО сака да ја прими Украина по завршувањето на војната со Русија за да спречи понатамошна агресија од Москва.

Сепак, Фицо нагласи дека неговиот став ќе претставува сериозна политичка пречка.

– Се додека сум премиер на Словачка, ќе им наложувам на пратениците на мојата партија никогаш да не го поддржат влезот на Украина во НАТО – изјави Фицо во програмата „Пет минути до дванаесет“.

Изјавата на словачкиот премиер е во спротивност со изјавата на новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, кој рече дека „Украина е поблиску до НАТО од кога било и ќе продолжи на патот кон членство“.

Според основачкиот договор на НАТО од 1949 година, одлуките за проширување се носат едногласно, што значи дека Фицо може да го блокира членството на Украина барем до крајот на неговиот мандат во 2027 година.

И други земји блиски до Русија во НАТО би можеле да го забават процесот.

Можете да прочитате

Лекар од Британија осуден на 31 година затвор за обид за убиство со лажна вакцина против Ковид-19

Харис му ја честитала победата на Трамп на изборите за претседател на САД

Трамп преку ноќ стана побогат за милијарда долари