Утрински Весник
Македонија

До крајот на денов сончево со мала до умерена локална облачност, потоа повторно промена на времето

Vreme Dozd Sonce 960x545 1.jpg

Времето до крајот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Само во Полошката Котлина во поголем дел од денот ќе се задржи ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 27 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Температура до 24 степени.

Синоптичарите најавуваат дека во текот на оваа седмица во утринските часови по котлините ќе има ниска облачност, а во текот на денот насекаде ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време. Во среда и петок ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.

– Утринските температури утре изутрина ќе бидат пониски, а потоа и утринските и дневните ќе бидат во пораст, соопштуваат од УХМР.

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија