Утрински Весник
Македонија

Лајчак: Западен Балкан треба да остане високо на европската агенда

Лајчак: Западен Балкан треба да остане високо на европската агенда

Претставникот на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека разговарал со министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон за Западен Балкан и се согласиле дека од клучно значење е регионот да остане високо на европската агенда.

dobivaj vesti na viber

„ Ја започнав неделата со средба со министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, пред денешниот Совет за надворешни работи. Се информиравме за нашите неодамнешни патувања на Западен Балкан и се согласивме дека е клучно регионот да остане на високо ниво на нашата европска агенда“, рече Лајчак.

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата