Утрински Весник
Македонија

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Img 1931.jpeg

Вечерва е целосно нормализиран патниот сообраќај на магистралниот пат А4 кон граничниот премин Блаце, откако претходно беше воведен посебен режим на движење поради пожарот кој избувна над тунелот на оваа делница.

Министерството за внатрешни работи информира дека е укината забраната за сообраќај и за товарните моторни возила и за автобусите, со што сообраќајот на овој правец повторно се одвива во целост.


Претходно, поради пожарот кој зафати површина над самиот автопат, сообраќајот беше пренасочен за патничките возила, додека тешките товарни возила беа целосно стопирани. На терен интервенираа екипи на Центарот за управување со кризи, МВР, Бригадата за противпожарна заштита и Хеликоптерската единица, кои успешно го локализираа пожарот.

Можете да прочитате

Средба на министерот Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе

Јовановски осуден на 12 години затвор по самоубиството на Ивана

ВЛЕН: ДУИ лаже, најевтината понуда ја претставува како корупција