Утрински Весник
Свет

Лајчак: ЕУ е поподготвена за Балканот отколку што Балканот е подготвен за ЕУ

Лајчак: ЕУ е поподготвена за Балканот отколку што Балканот е подготвен за ЕУ

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека ЕУ сега е поподготвена за Балканот, веројатно повеќе отколку што е подготвен регионот за овој блок.

dobivaj vesti na viber

Лајчак на онлајн форум организиран од Италијанскиот институт за меѓународни политички студии рече дека сега геополитичката ситуација е променета и дека улогата на ЕУ на Западен Балкан е повеќе стратешка и политичка.

Многу е важно да ја пренесеме пораката дека ЕУ сега е поподготвена за Балканот, веројатно повеќе отколку што е Балканот подготвен за ЕУ, затоа е исклучително важно да се разбере дека вратата сега е повторно отворена“, рече Лајчак на онлајн конференција „Европа и Русија на балканскиот фронт““.

Кога станува збор за претстојната средба со лидерите на Србија и на Косово во Охрид, Лајчак оцени дека „прифаќањето на европскиот предлог би било позитивна порака“, посочувајќи дека сега е неопходно да се фокусираме на спроведувањето на анексот, кој ќе биде главна тема на разговор во сабота, 18 март.

„Откако беше прифатен договорот, фокусирани сме на имплементација на анексот, кој е клучен елемент. За да се имплементира договорот мора да се утврди редоследот на следните чекори, како и роковите и кој што треба да направи“, рече Лајчак.

Тој исто така кажа дека целта на неговата последна посета на Приштина и Белград била да ги слушне мислењата на двете страни за анексот.

„Тоа треба да биде основа на нашите дискусии во Охрид и ако успееме да постигнеме договор за овој анекс, тогаш работата е завршена“, рече Лајчак.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење