
Чико живее изолирано во амазонската дождовна шума веќе 38 години, откако неговите родители починале, а сопругата го напуштила. Во својот „двор“, тој засадил околу 1.500 овошни дрвја – од бразилски ореви до манго и банани, со кои се храни.

Кога сака месо, оди на лов. Се обидел да одгледува кокошки и свињи, но шумските предатори ги изеле сите негови животни, рече Панкуфер .
Амазонија е едно од најубавите места на Земјата, но и едно од најпредизвикувачките подрачја за живеење – и поради високата влажност, обилните дождови и честите поплави, и поради предаторите што се кријат на копно и во вода. Јагуари, кајмани, отровни жаби, електрични јагули и бројни опасни змии се само дел.
Во последните четири децении, Чико имал неколку блиски средби со опасни животни. Сепак, првиот пат кога помислил дека ќе го „сретне Создателот“ бил кога бразилски орев му паднал право на главата. Нелупениот бразилски орев тежи помеѓу два и три килограми, а неговиот удар може да биде смртоносен, особено ако живеете во изолација како Чико.

Чико живее сам во скромна куќа покрај притока на Амазон – буквално насред никаде. Сепак, во областа се раскажуваат приказни за него, а повремено му доаѓаат гости. Истото беше и кога го посети екипата на YouTube каналот Yes Theory, кој обично патува во оддалечените делови на светот.

