
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ
Христијан Мицкоски и ВМРО-OКГ повторно се обидуваат да ја излажат јавноста.
Овој пат преку Изборниот законик и прашањето за гласањето на дијаспората.
Ние од СДСМ сме јасни: дијаспората има право да гласа. Тоа право го имала и досега и дијапората гласа со постојниот модел.
Ние не сме против тоа право. Ние сме против неконтролирано и неконтролирано гласање кое отвора простор за масовна изборна кражба.
Зошто во Македонија граѓаните гласаат со отпечаток од прст, спреј, идентификација и строги контроли, а за дијаспората се предлага електронско гласање без никаква реална контрола?
Дали тоа е демократски? Дали тоа е фер?
Мицкоски знае многу добро зошто го турка ова решение.
ВМРО-ОКГ има историја на кражба на избори.
Пред десетина години видовме како се крадеа гласови, како се организираа паралелни структури и како се користеа сите можни механизми за манипулација.
За нив кражбата на пари и кражбата на гласови е исто и во едниот и во другиот случај станува збор за криминал.
Сега, кога веќе не им поминуваат лажините афери и дефокуси, се обидуваат преку Изборниот законик да си обезбедат нов механизам за манипулација.
Електронското гласање без контрола или гласањето преку пошта без соодветни гаранции е исто така опасно.
Разликата е само во методот.
Но, најважно од сè е следново:
Изборниот законик за Мицкоски не е цел, туку изговор.
Тој и неговата криминална група не сакаат да го донесат овој закон за да имаат алиби зошто не ја исполнуваат Реформската агенда.
Тие свесно го блокираат процесот за да можат да кажат дека „опозицијата не дозволува”. А вистината е дека тие не сакаат ЕУ.
Затоа што ЕУ значи независно судство, европско обвинителство и крај на неказнивоста. А токму тоа Мицкоски и неговата банда најмногу го плашат.
Затоа и го влечат ова прашање. Затоа и не сакаат вистински консензус. Затоа и продолжуваат со манипулациите.
СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ниту со електронско гласање, ниту со гласање преку пошта без контрола.
Нема да дозволиме некој да гласа наместо другите, ниту во Македонија, ниту од дијаспората.
Ќе продолжиме да се бориме за фер и демократски избори, за реформи и за европска Македонија.
Сè друго е само продолжение на истата стара игра – игра на изолација, манипулација и заштита на криминалот.


