Утрински Весник
Економија

Кусок на енергија еден ден, поради голем пад на температурите, соопшти ЕСМ

Кусок на енергија еден ден, поради голем пад на температурите, соопшти ЕСМ
Ss2

Вкупната потрошувачка на електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи (ЕВН Хоме) и дополнителните снабдувања кои ги врши АД ЕСМ преку ЕСМ Продажба, во неделата 5 февруари 2023 година, драстично се зголеми поради наглиот и голем пад на температурата во вечерните часови споредено со претходните денови, информираат од ЕСМ.

dobivaj vesti na viber

Потрошувачката, како што појаснуваат од таму, во саботата на 4 февруари изнесувала 18.948MWh, додека во неделата се искачила на 22.331MWh.

300x250 (7)

„Поради скокот на потрошувачката, која ги надмина и номинираните количини од ЕВН Хоме, од страна на АД ЕСМ пласирани се 1045 MWh системски услуги со терциерна резерва и регистриран е кусок од околу 820 MWh. Сите други денови АД ЕСМ работи во рамките на нормалните граници на снабдување. Во моментот снабдувањето е по планот, производството се одвива пред се преку два блока во РЕК Битола и два котли во ТЕЦ Неготино, како и хидроелектраните и гогенеративната гасна електрана КОГЕЛ/Енергетика“, дополнуваат од ЕСМ.

Најавуваат дека согласно планот за производство во текот на утрешниот ден на мрежа ќе бидат вратени Блок 1 во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Следната недела, кога се очекува раст на температурите, ќе биде исклучен Блок 2 заради претходно најавени сервисни активности, соопштуваат надлежните.

Подвлекуваат дека АД ЕСМ целосно го исполнува планот за производство за 2023г.

„Нагласуваме дека повлекувањето енергија од европската мрежа е всушност утврден балансен механизам согласно правилник кој важи во цела интерконективно поврзана Европа“, е наведено во официјалната информација.

Ss1

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – 24info.mk