Утрински Весник
Магазин

Кус осврт на американската прес-турнеја на принцот Хари

Кус осврт на американската прес-турнеја на принцот Хари

Принцот Хари неодамна започна турнеја за новинари низ САД по повод неодамна објавената автобиографија „Резерва“ со интервјуа од висок профил за дополнително да разговара за својата семејна драма.

dobivaj vesti na viber

Од „Ај-ти-ви“ до „Си-би-ес“ и „Еј-би-си“, војводата зборуваше пред камерите за да ја промовира својата книга.

Тој прво седна со Том Бредби од британската Ај-ти-ви (ITV).

Хари и Бредби имаа долг разговор во врска со содржината на неговите мемоари, од смртта на неговата мајка до односот меѓу него и неговиот татко, неговиот брат и неговата сопруга, и снаата. Тоа беше соодветно тизер-интервју пред објавувањето на книгата за целата публика да види што следува.

Том Бредби откри дека тој и Хари се познаваат повеќе од дваесет години. Бредби беше репортерот кој ги интервјуираше Хари и неговата сопруга во Африка пред неколку години, пред да заминат за Америка, откривајќи колку биле несреќни во нивните улоги како високи членови на кралското семејство.

Хари потоа разговараше со Андерсон Купер во емисијата „60 минути“ на Си-би-ес, истата ТВ-мрежа каде што ги собори рекордите на гледаност со интервјуто на Опра Винфри со неговата сопруга Меган Маркл.

Приказната за скршеното ланче и скршената чинија за кучиња – токму во ова второ интервју, Хари му откри на Андерсон за физичката пресметка со неговиот брат Вилијам. Тој објасни како Вилијам му го скинал ланчето на Хари кога го бутнал на подот. Хари паднал на земја врз садот за храна на своето куче и го скршил.

Андерсон Купер, како и секогаш, ги постави тешките прашања – тој го продлабочи интервјуто прашувајќи го Хари: „Зошто не се откажете од вашите титули како војвода и војвотка?“, алудирајќи на фактот дека Хари и неговата сопруга Меган не се откажаа од официјалните титули откако го напуштија британското кралско семејство и се преселија во Америка. Одговорот на Хари: „И каква разлика би имало тоа?“

Хари следниот ден рано наутро дојде на рaзговор со Мајкл Страхан во „Добро утро, Америка“ на Еј-би-си. Токму на ова место Хари зборуваше за својата одлука да ја напушти Британија со сопругата и дали тие некогаш ќе се вратат на кралските должности. „Веројатно не. Но никогаш не кажувај никогаш.“

Хари потоа отиде во „Лејт најт“ со Стивен Колберт – подоцна истиот ден, се појави во емисијата Late Night Show, заедно со суперѕвездата Том Хенкс. Тука работите тргнаа на добро, ‘доцна ноќе’.

Стивен Колбер го отвори интервјуто со текила. Стивен му посака добредојде на Хари во шоуто со неколку чашки текила, а Хари се смееше и ги пиеше. Ги откри сите свои прекари, како „Хаз“ и „Баз“ и се пошегува дека ја гледа „Круната“ на „Нетфликс“, а понекогаш и ги проверува фактите.

Хари го покажа ланчето што му го искинал Вилијам во физичката пресметка што го раскажуваше во претходните интервјуа во текот на целата недела.

Тогашната епизода на Late Night беше најгледаната во последните неколку години, надминувајќи го гостувањето на претседателот Обама и нивниот ‘Супер-боул спешл’, со над 3.15 милиони гледачи во просек.

Не наштети ненамерниот или намерен тајминг да го поканат и  Том Хенкс да присуствува во студиото заедно се принцот Хари. Хенкс беше гостин во емисијата, но тоа нималку не му наштети на Хари, двајцата се појавија заедно во скечови.

Хари во текот на целата прес-турнеја говори за надежно помирување. Тој во неколку наврати рече се надева дека еден ден ќе се помири со своето семејство. Иако истакна дека треба да има одговорност и извинување од двете страни, тој се надева дека тие можат да го постигнат тоа во одреден момент.

 

Можете да прочитате

Не мора да се откажувате од белиот леб: Ставете го во замрзнувач и јадете го без грижа за калориите

Ослободете се од токсините во воздухот со помош на овие прекрасни растенија

Џон Бон Џови најави крај на пеењето на концерти