Утрински Весник
Свет

Медиуми: Директорот на ЦИА ја предупредил Русија да не напаѓа сојузници од НАТО

20250124082638 medium 358x215 67.webp.webp

Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, ја предупредил Русија да не напаѓа сојузници на НАТО за време на неговата посета на Москва, јавија вчера „Волстрит џурнал“ и „Политико“ повикувајќи се на неименувани извори.

Ретклиф во вторникот го посети рускиот главен град, но речиси ништо не беше објавено за содржината на неговите разговори, пренесе ДПА.

„Политико“ објави дека предупредувањето на Ретклиф било фокусирано на потенцијална ескалација која ги вклучува источните сојузници на НАТО во балтичкиот регион. Тој исто така го повикал Кремљ да ја намали својата воена и финансиска поддршка за Иран, се наведува во извештајот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според руските новински агенции, потврди дека Ретклиф допатувал во Москва на разговори „помеѓу тајните служби“. Песков, близок соработник на претседателот Владимир Путин, истакна дека Путин не се сретнал со Ретклиф.

Посетата веројатно беше прва на Ретклиф во Москва како директор на ЦИА. Последната позната посета на директор на ЦИА на Русија беше во 2021 година, кога тогашниот директор Вилијам Барнс отпатува за Москва и се сретна со Путин.

Барнс тогаш беше испратен од американскиот претседател Џо Бајден за да помогне да се спречи ескалација во украинскиот конфликт. Сепак, Путин почна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Можете да прочитате

ISW: Путин е исклучен од реалноста

Светската метеоролошка организација предупредува: „Ќе биде сè потешко…“

11 лица загинаа во лавина на планина во Русија