Утрински Весник
Свет

Курц: „Путин е подготвен да ги премине црвените линии, поразот не е опција за него“

Курц: „Путин е подготвен да ги премине црвените линии, поразот не е опција за него“

Рускиот претседател Владимир Путин е некој кој е подготвен да ја премине секоја црвена линија, смета поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“, по повод објавувањето на неговата биографија, Курц изјави дека е загрижен за ситуацијата во Европа.

„Често сум се среќавал со Путин и во меѓувреме верувам дека тој е некој кој е подготвен да ја премине секоја црвена линија и дека поразот не му е опција“, рече Курц.

Предупреди дека не може да се исклучи дека Путин е подготвен да ја премине последната црвена линија и да употреби нуклеарно оружје.

„Се надевам дека сите во Европа кои имаат одговорност се обидуваат да дојде до деескалација на ситуацијата“, изјави Курц.

Целта, вели тој, мора да биде да се спречи целосна ескалација.

Можете да прочитате

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

Украински напад врз руски нафтен терминал

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети