Утрински Весник
Свет

Купил момче за 900 евра, па го терал да проси: Албанец уапсен во Грција поради трговија со луѓе

Купил момче за 900 евра, па го терал да проси: Албанец уапсен во Грција поради трговија со луѓе

Грчката полиција уапси 56-годишен Албанец кој е осомничен дека купил осумгодишно дете и го принудил да проси во Атина. Апсењето доаѓа откако грчките власти добиле меѓународна потерница за мажот, кој според меѓународните институции бил на нивна тероторија, а е претходно осуден за трговија со луѓе.

dobivaj vesti na viber

Кога полиција добила дојава дека се наоѓа на територијата на нивната земја, веднаш ги алармирала службите да го лоцираат. Набрзо бил пронајден и уапсен во Патисија.

„При апсењето не пружил отпор“, соопшти полицијата, пренесува грчка „Прототема“.

Полициски извори наведуваат дека 56-годишникот е обвинет дека купил дете од сиромашно семејство во Албанија, поточно во Тирана. Се наведува дека платил 100.000 албански леки или околу 900 евра.

Потоа, незаконски и со употреба на сила, го превезол осумгодишното момче во Атина, каде го принудил да проси во централните делови на главниот град, за да му врачи пари.

Веќе се започнати постапки за екстрадиција на уапсениот во Албанија. Сепак, грчките власти се уште не знаат што се случило со 8-годишното дете.

Можете да прочитате

Делови од Скопје утре ќе останат без струја или вода

Еден од силувачите на Жизел призна: Да знаев дека не е свесна немаше да го направам тоа

Дунав се излеа во Будимпешта: Го поплави кејот и стигна до зградата на парламентот