Утрински Весник
Македонија

Кумот на Јана од Битола: Ќе ве гониме додека сме живи и ќе сведочиме за вистината

Кумот на Јана од Битола: Ќе ве гониме додека сме живи и ќе сведочиме за вистината
Dik 300x250 mk

Кумот на петгодишната Јана Христовска од Битола која почина откако прими инфузија вечерва им порача на лекарите дека ќе ги гонат додека се живи за неправдата што ја нанеле.

dobivaj vesti na viber

Тој заедно со уште неколкумина вечерва говореше пред толпата народ што се собра пред Влада да го искаже револтот од здравствениот систем во кој е дозволено физиолошки раствор наместо лекови да се дава на болни од рак.

„Браќа и сестри, ние во случајот со Јана добивме една тешка неправда. Нестручното работење на докторите и на целиот тим во битолската болница не доведе до ова. Немаат ни чест ни ништо човечно. Но ќе им порачам – на секаков можен начин ќе ве гониме додека сме живи и ќе сведочиме за вистината“, рече кумот на петгодишната Јана.

Тој ги повика сите кои го искусиле здравствениот систем да излезат за поддршка за да ја истераат правдата.

„Земската правда ќе ги стигне само ако сме здружени, заедно, од човек на човек да си ја кажуваме вистината. Вистинската борба не познава ни вера ни нација, познава само сочувство кон оној што се мачел, кон оној кој ги изгубил најблиските и кон оние кои исплакале планини солзи. Дај Боже сето ова да заврши еднаш засекогаш за овие грабливци, овие корумпирани умови“, рече кумот на Јана.

Со црвена боја, повторно во стилот на шарената револуција, демонстрантите на асфалтот пред Влада напишаа „одговорност“, симболично оставија торба полна со пари, ги испрскаа со црвена боја за да укажат на крвавите пари кои се печалат на грбот на болните и протестот го продолжија пред Обвинителството.

Можете да прочитате

37-годишник осомничен за обид за убиство на сопствениот брат

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

Новата работна недела ја почнуваме со многу повеќе сонце и со суво време