Утрински Весник
Македонија

Кумот на Јана од Битола: Ќе ве гониме додека сме живи и ќе сведочиме за вистината

Кумот на Јана од Битола: Ќе ве гониме додека сме живи и ќе сведочиме за вистината

Кумот на петгодишната Јана Христовска од Битола која почина откако прими инфузија вечерва им порача на лекарите дека ќе ги гонат додека се живи за неправдата што ја нанеле.

dobivaj vesti na viber

Тој заедно со уште неколкумина вечерва говореше пред толпата народ што се собра пред Влада да го искаже револтот од здравствениот систем во кој е дозволено физиолошки раствор наместо лекови да се дава на болни од рак.

„Браќа и сестри, ние во случајот со Јана добивме една тешка неправда. Нестручното работење на докторите и на целиот тим во битолската болница не доведе до ова. Немаат ни чест ни ништо човечно. Но ќе им порачам – на секаков можен начин ќе ве гониме додека сме живи и ќе сведочиме за вистината“, рече кумот на петгодишната Јана.

Тој ги повика сите кои го искусиле здравствениот систем да излезат за поддршка за да ја истераат правдата.

„Земската правда ќе ги стигне само ако сме здружени, заедно, од човек на човек да си ја кажуваме вистината. Вистинската борба не познава ни вера ни нација, познава само сочувство кон оној што се мачел, кон оној кој ги изгубил најблиските и кон оние кои исплакале планини солзи. Дај Боже сето ова да заврши еднаш засекогаш за овие грабливци, овие корумпирани умови“, рече кумот на Јана.

Со црвена боја, повторно во стилот на шарената револуција, демонстрантите на асфалтот пред Влада напишаа „одговорност“, симболично оставија торба полна со пари, ги испрскаа со црвена боја за да укажат на крвавите пари кои се печалат на грбот на болните и протестот го продолжија пред Обвинителството.

Можете да прочитате

Собранието со 84 гласа „за“ го донесе Законот за енергетика кој треба да спречи поскапување на струјата

ЈО: Со спогодбите во „Синџир“ вратени безмалку 1.000.000 евра во државниот буџет

Професорот Драги Димитриевски е избран за нов претседател на Универзитетскиот сенат на УКИМ