Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Кучешка чума се појави во прифатилиштето на Лајка

Image 219854.jpg
300x250 opst2

Во прифатилишето на ЈП Лајка е констатирана појава на инфективна болест штенечак – кучешка чума.

Станува збор за вирусно заболување исклучително ризично по животот на заловените кучиња, без никаква опасност по здравјето на луѓето.

– Веднаш по констатирањето на првите случаи, согласно стручните ветеринарните препораки и насоки, преземени се низа превентивни мерки. Од денес престануваме со заловување и враќање на бездомни кучиња првично во период од 14 дена, поради долгата инкубација на болеста и следствено, опасност кучињата да пројават знаци на болеста веќе откако ќе бидат вратени на локација. Затоа, во периодот од 14 дена во стационарот ќе се прифаќаат само кучиња кои се пријавени за агресивни или кои каснале граѓани, информираа од Лајка вчера.

Се врши и внатрешна реорганизација, дезинфекција и санација на сите оддели – карантин, интензивна нега, пост-оперативен дел и вдомување.

– Ќе работиме исклучиво на вдомување на застоените кучиња кои престојуваат со години во нашето прифатилиште и имаат имунитет а ќе бидат предадени на новите сопственици единствено со негативен тест на штенечак. Во моментот сме под карантин, со што сме спречени активно да работиме на решавање на проблемот со уличната популација на кучиња. Застојот на програмата залови – стерилизирај – вакцинирај – врати ќе биде бргу надоместен во наредните месеци, но во моментов е недозволиво да се импровизира, појаснуваат оттаму.

Мерките кои се преземаат во овој период се неопходни и од исклучително важност, со цел да превенираме ширење на болест која е подмолна и фатална по здравјето и животот на кучињата, додаваат од Лајка.

Можете да прочитате

Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

Пожар во угостителски објект во Струмица: Се запалила кујната

Повторно ќе ни залади, ќе имаме и пообилни врнежи од дожд