Утрински Весник
Македонија

Куќи, станови, автомобили…каков имот пријавил уапсениот судија Георгиев?

Img 8318.png

Судијата во Врховниот суд Наќе Георгиев кој вчера беше уапсен, во својот анкетен лист навел дека поседува два стана во износ од 5.596.500 денари (90.000 евра), едниот во Струмица, другиот во Скопје.

Георгиев поседува и земјоделско земјиште од 12 декари, куќа од 300 м2 во Струмица во износ од 2.016.000 денари како и доградба на куќа од 100 м2 во Струмица.

Георгиев има и „мала флота“ на автомобили Ауди, односно во неговиот анкетен лист се впишани автомобили марка Ауди А6 3.0 2006/2019 година во вредност од 307.500 денари, Ауди А6 2006/2017 во вредност од 660.000 денари и Ауди А6 3.0 во вредност од 675.000 денари.

Георгиев вчера беше уапсен откако зел 10.000 евра мито, а рано утрово му беше симнат и имунитетот.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница