Утрински Весник
Балкан

Крузер се насука во Дунав, бугарската полиција евакуира 186 патници

Bugarska policija evakuira patnici od kruzer vo dunav.png

Бугарската гранична полиција вчера евакуираше 186 патници од крузерот „Викинг Улур“, кој се насука кај романското место Салциа поради нискиот водостој на Дунав.

Бродот, што пловеше под знаме на Швајцарија требало да пристигне во бугарскиот град Видин за да ги надополни резервите за храна и вода.

По евакуацијата на патниците на брод останале 52 членови на екипажот.

Бродот во понеделникот исплови од романскиот град Дробета-Турну Северин кон Видин, но поради нискиот водостој на Дунав се насука.

Нивото на реката е исклучително ниско, а протокот на Дунав е околу 1.600 кубни метри во секунда, поради што бродот не можеше да го продолжи своето патување

Можете да прочитате

Земјотрес утрово го погоди Сараево

Силен земјотрес вечерва ја погоди Грција, потресот почувствуван во поширокиот регион

Партиски лидер и пратеник украл таен документ од службите во албанскиот парламент, суспендиран на 60 дена