Утрински Весник
Спорт

Крос: Не ме критикувајте во пакет со Модриќ, јас сум многу помлад од него

Крос: Не ме критикувајте во пакет со Модриќ, јас сум многу помлад од него

Легендите на Реал Мадрид се на удар. Лука Модриќ (38) и Тони Крос (33) го загубија местото во тимот од Едуардо Камавинга, Аурелиен Чоамени, Феде Валверде и Џуд Белингем.

dobivaj vesti na viber

Покрај тоа, ветераните кои на Реал му ги донесоа сите титули, и тоа повеќе пати, се на удар на јавноста. Медиумите се почесто пишуваат и зборуваат дека хрватската и германската легенда на Реал предолго останле во клубот. Поточно, дека Реал не требало да им понуди, ниту да прифати едногодишно продолжување на нивните договори.

Марио Кортегана, инсајдер на Реал, пишува дека Крос е крајно иритиран што критиките и омразата од новинарите и навивачите се упатени кон двајцата: „Неверојатно ми е што нас двајца секогаш заедно не критикуваат. Секоја чест за Модриќ како играч и човек, но јас сум различен играч од него, но и пет години помлад“.

Foto/ EPA

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл