Кроација осигурување денеска ја отвори својата 23-та филијала во Македонија. Новата филијала се наоѓа на булеварот Благоја Тоска бр.59/1 во Тетово. Во неа клиентите ќе можат да се осигураат од повеќе видиви на ризици, да го заштитат својот дом, возило и здравје со еден од пакетите за приватно здравствено осигурување и да се осигурани да отпатуваат на саканите дестинации.
Во моментот мрежата на филијали на Кроација осигурување АД Скопје брои 23 филијали, од кои 6 во Скопје, а останатите се распространети во 17 градови низ Македонија.
Со отворањето на нови филијали и реновирање на постоечките, Кроациа осигурување континуирано се посветува на подобрување на квалитетот на услугите, со цел задоволување на потребите на граѓаните и на бизнисите на квалитетен и конзистентен начин, велат од компанијата.
(ПР текст)