Утрински Весник
Македонија

Крмов: Да видиме дали СДСМ ќе ги блокира препораките од ОБСЕ/ОДИХР и една изборна единица

Borislav krmov scaled 1.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов со критики кон СДСМ поради нивното отсуство од работната група за измени на Изборниот законик, оценувајќи дека партијата го блокира процесот на изборни реформи.


Крмов посочи дека работната група продолжила со работа и без присуството на СДСМ, а во фокусот ги стави и предлозите за една изборна единица и препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

„Ајде баш да видиме дали СДСМ ќе ги блокира предлозите од ОБСЕ/ОДИХР и една изборна единица. Дали целосно ќе се разоткријат како најобични опортунисти и политички позери без став”, напиша Крмов.

Тој оцени дека работната група продолжила „најконструктивно” и без учество на претставниците на СДСМ кои поради незадоволство од укинувањето на Пржинската влада, го бојкотираат процесот.

„СДСМ, многу ‘увредени’ од укинувањето на Пржинската влада, со нивното отсуство го блокираат процесот”, наведе пратеникот од Левица.

Крмов во објавата упати и иронична забелешка кон функционерите на СДСМ, Оливер Спасовски и Јован Митрески, поради нивно патување во Швајцарија.

„Тоа не го спречи двоецот Спасовски и Митрески да се прошетаат до Швајцарија каде ќе разгледуваат тешки ‘етички’ проблеми и дилеми. Може и тука требаше некое бесплатно патување да им понудиме, па можеби и ќе останеа”, им порача Крмов.

Можете да прочитате

Пишани и непишани закони – 24info.mk

Работната група за реформи во изборното законодавство продолжи со работа, се разгледуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР

Започна меѓународната вежба „Trojan Footprint 26″