Утрински Весник
Свет

 Кризата во Црвеното Море го погоди H&M

Shutterstock 1108857284.jpg

Еден од најголемите трговски синџири во светот, Х&М го одложи почетокот на некои од своите кампањи пролет/лето за да одговори на проблемите со испораката предизвикани од кризата во Црвеното Море. Јеменското движење Ансар Алах ги напаѓа израелските бродови во Црвеното Море од ноември 2023 година, барајќи повлекување на армијата од Палестина. Оваа криза негативно се одрази на испораката на бројни стоки поради отежнатиот сообраќај на товарните бродови.

„Се прилагодивме со започнувањето на кампањите“, изјави извршниот директор на Х&M, Даниел Ервер, за Ројтерс. Тој посочи дека влијанието врз достапноста на производите до клиентите е минимално и дека времето на доцнење варира од земја до земја. Досега испораките доцнат најмногу две недели.

Имено, товарните бродови го избегнуваат сообраќајот низ Суецкиот канал и се пренасочуваат кон јужниот дел на Африка. Ова резултираше со зголемени транспортни трошоци, како и доцнење во испораката на облека и обувки во Европа од фабриките во Азија.

Од Х&M изјавија дека го следат развојот на настаните во Црвеното Море и дека прават се за да го минимизираат секое влијание врз достапноста на производите, транспортните трошоци и нивото на залихи.

Можете да прочитате

Њујорк тајмс: Нетанјаху го откажа одмаздничкиот напад врз Иран по телефонскиот разговор со Бајден

Околу 20.000 свињи загинаа во пожар на фарма во Германија

Вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во вторник поради нападот на Иран врз Израел