Утрински Весник
Македонија

Кривичниот суд во Скопје на врховниот судија Георгиев му определи мерка 30 дена притвор

Screenshot 2024 05 21 184046.png

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и на врховниот судија Наќе Георгиев му определи мерка 30 дневен притвор. „По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како
и ценење на фактите и доказите приложени од страна на јавниот обвинител
донесе решение со кое предлогот се уважува, а на осомничениот му се
определува мерка притвор во траење од 30 дена затоа што може да ја попречи
кривичната постапка со влијание врз сведоците, а може да го доврши или повтори кривичното дело“, пишува во дел од одлуката на Кривичниот суд. Против вквата одлука Георгиев има право на жалба пред Кривичниот совет. На осомничениот Иџет Мемети привремено ќе му биде одземена патната исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државна граница на име на осомничениот, како и забрана за употреба на лична карта на име на осомничениот како исправа за преминување на државната граница. „Воедно ја информираме јавноста дека, по добивање на предлогот за
определување на мерка притвор против осомниченот, кој е актуелен врховен
судија, Кривичниот суд се обрати до Судскиот совет како надлежен за одлучување во однос на имунитетот на судијата за што советот донесе  одлука која е јавно објавена“, информираа од Кривичниот суд. Георгиев е првоосомничен дека зел мито од 10.000 евра. Во центарот на оваа истрага е екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, познат под прекарот Малборо, кој се сомничи за шверц со марихуана. Според пријавата на неговиот син двајцата осомничени лажно ветувале дека ќе извршат влијание во корист на неговиот татко. Обележани пари им биле подарени, а полицијата извршила истрага.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница