
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Г.(45) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци”.
Пријавениот, без знаење и согласност на неговиот татко, ги искористил личните податоци од неговата лична карта и на 08.08.2025 аплицирал за онлајн кредит во финансиско друштво во износ од 15.000 денари.


