Утрински Весник
Магазин

Крис Нот негира дека се чувствувал отфрлен од тимот на „Сексот и градот“

Крис Нот негира дека се чувствувал отфрлен од тимот на „Сексот и градот“
Ss2

Крис Нот, кој излезе од новото поглавје на „Сексот и градот“ во 2021 година среде обвинувања за сексуален напад, шпекулациите дека се чувствувал непосакуван од своите колеги од актерскиот тим ги нарече „апсолутна бесмислица“.

dobivaj vesti na viber

Актерот го портретира Mистер Биг во шест сезони на „Сексот и градот“, два истоимени филма и една епизода од продолжението „И, едноставно, така“ пред неговиот лик да почине од срцев удар во првата епизода.

300x250 (7)

Toj неодамна се огласи на социјалните мрежи за да го негира написот во „Њујорк пост“ и „Радар онлајн“ дека Сара Џесика Паркер и другите го избегнуваат и не сакаат да комуницираат со него.

„Обично не одговарам на вакво нешто“, напиша Нот на „Инстаграм“. „И знам дека луѓето сакаат драма и озборувања… но, оваа статија на Саманта Ибрахим е апсолутна глупост. Само помислив дека би сакале да знаете“.

Набргу по премиерата на новата серија, две жени го обвинија Нот за сексуален напад. Тие тврдеа дека наводните инциденти се случиле во 2004 година.

Крис ги отфрли обвинувањата и беше дециден дека станува збор за консензуални средби во далечно минато.

Ѕвездите од „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, се обратија со заедничка изјава на „Инстаграм“: „Многу сме тажни што слушаме обвинувања против Крис Нот. Ги поддржуваме жените што истапија во јавност и ги споделија своите болни искуства. Знаеме дека тоа е многу тешко и ги пофалуваме за тоа“.

Крис требало накусо да се појави на крајот на првата сезона на спиноф-серијата „И, едноставно, така“ (And Just Like That), но по наводите за сексуален напад, неговиот лик наводно бил отсечен од епизодата.

Актерот го портретира финансиерот Џон Џејмс Престон или Мистер Биг – љубовникот, а потоа и сопруг на Кери Бредшо – во сите шест сезони на „Сексот и градот“, двата филма со ист наслов, и во спиноф-серијата.

Поминаа повеќе од две децении од емитувањето на првата сезона на една од најпознатите серии на сите времиња.

Фамозниот Мистер Биг, кој го освои срцето на Кери Бредшо, со години мамеше воздишки кај припадничките на понежниот пол.

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август