Утрински Весник
Македонија

Кратка драма на судењето за Пендиков: Судијата не даде одлагање, адвокатите на обвинетиот си излезгоа од судница за да го запрат судењето

Кратка драма на судењето за Пендиков: Судијата не даде одлагање, адвокатите на обвинетиот си излезгоа од судница за да го запрат судењето
Dik 300x250 mk

Нов доказ предложен од охридското Обвинителство против обвинетиот Илија Спасевски е доставен до судот, во случајот со натепување на Христијан Пендиков. Беше побарано одлагање на рочиштето за да се проучи овој доказ, но судијата Бојан Мартиноски не дозволи. Поради ова, адвокатите на обвинетиот ја напуштија салата, а судењето без нив не можеше да продолжи.

dobivaj vesti na viber

„Потребно ни е време за проучување на дополнителното вештачење, евентуално ангажирање на технички советник, за потоа да се произнесеме. Ова го барам бидејќи при сослушување на оштетениот Пендиков, ќе зависат и прашања во однос на констатирани повреди“, рече адвокатот Димитрија Цобoски.

„Неосновано е барањето за одлагање на сослушување на сведоците, особено што оштетениот специјално дојде од Бугарија“, рече обвинителката од ОЈО-Охрид.

„Таа заборава дека Пендиков е и македонски државјанин, дека има обврска да се јавува во судот доброволно. Тоа што моментално престојува во Бугарија е негов проблем. Не е тоа проблем на судот и одбраната“, врати адвокатот.

„Се одбива предлогот. Ако се укаже потреба за повторно повикување на оштетениот, по оценка на судот, тој повторно ќе биде повикан. Поради начелата за ефикасност, продолжуваме“, рече судијата Бојан Мартиноски.

„Со ова се кршат правата на обвинетиот. Поради ова ќе ја напуштам судницата“, рече адвокатот Димитрија Цобoски.

„Сакам бранител адвокат. Ќе го користам правото да изнесам одбрана преку бранител адвокат. Барам одлагање“, рече обвинетиот Илија Спасевски.

Судењето се одложи.

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница