Утрински Весник
Магазин

Ди Каприо ужива на Сардинија

Ди Каприо ужива на Сардинија
300x250 (7)

По триумфалното деби на неговиот последен филм „Убијците на цветната месечина“ на Канскиот филмски фестивал пред нешто повеќе од една недела, Леонардо ди Каприо остана во Медитеранот.

dobivaj vesti na viber

Прв „ТМЗ“, а подоцна и „Дејли мејл“ објавија дека оскаровецот ужива на суперјахта на брегот на Сардинија, во друштво на неколку пријатели.

300x250 (7)

Покрај пријателите, има и една прекрасна бринета во микробикини, но таблоидите не успеаа да го откријат името на девојката.

Инаку, Лео наводно е во лабава врска со супермоделот Ирина Шајк.

Ѕвездата на Титаник (48) и Ирина (37), која има дете со актерот Бредли Купер, беа на роденденската прослава на Наоми Кембел во Кан претходно овој месец.

Рускиот супермодел, која живее во Њујорк, исто така беше меѓу оние кои присуствуваа на премиерата на неговиот најнов филм.

На 37 години, Ирина е малку постара од вообичаените придружнички на актерот, кој обично излегува со жени од 25 години и помлади.

Ss1

Можете да прочитате

Со долгорочната прогноза за летото се најавува забрзано опаѓање на топлиот циклус и пристигнување на ладниот

Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата

Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од својата програма на Месечината