Утрински Весник
Спорт

„Кралевите“ без Бензема на дуелот со Севилја

„Кралевите“ без Бензема на дуелот со Севилја

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ќе го пропушти вечерашниот натпревар против Севилја во Ла Лига, поради проблем со бутниот мускул, соопшти шпанскиот клуб.

dobivaj vesti na viber

„Забележан е мускулен замор на квадрицепсот на левата нога при прегледот на францускиот напаѓач“, соопшти Реал.

Од мадридскиот клуб, сепак, не прецизираа колку долго Бензема ќе биде далеку од терените, а оваа вест доаѓа на помалку од еден месец до почетокот на Светското првенство во Катар.

Според шпанските медиуми, Французинот го прекинал вчерашниот тренинг поради непријатност во бутниот мускул.

По освојувањето на „Златната топка“ во понеделникот, Бензема беше стрелец во победата на Реал против Елче во средата.

Бензема веќе пропушти еден месец на почетокот на сезоната поради повреда на десниот бутен мускул добиена за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Селтик на 6 септември.

Можете да прочитате

Вечерва Англија и Аргентина за влез во финалето

Шпанија во финалето на Светското првенство 

ФИФА го избра американски судија Елфат за полуфиналето Англија – Аргентина