Утрински Весник
Спорт

„Кралевите“ ја надиграа Валенсија

„Кралевите“ ја надиграа Валенсија
300x250 (7)

Реал Мадрид ја победи Валенсија на „Сантијаго Бернабеу“ со 2:0 и се врати во трката со Барселона за шампионската титула. Сега „кралевите“ повторно имаат пет бода негатива во однос на лидерот Барселона. Сепак, има грижи за Анчелоти затоа што на повреди се пожалија Бензема и Милитао.

dobivaj vesti na viber

Валенсија се држеше едно полувреме, а Реал постигна гол во последните мигови од првиот дел, но не беше признат поради фаул што го направи Карим Бензема.

300x250 (7)

Но, на почетокот на вториот дел тимот на Анчелоти тргна многу поофанзивно, а Марко Асенсио донесе водство со прекрасен погодок во 52.минута. Само две минути подоцна, Винисиус Жуниор зголеми на 2:0 откако им побегна на гостинските дефанзивци.

Валенсија во 72.минута остана и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Габриел Паулиста.



Ss1

Можете да прочитате

Арсенал пукна „петарда“ во мрежата на Челзи

Албански стратег кој со Шкендија беше шампион во мак-фудбалот е нов тренер на Шкупи

(Видео) Браќата на Јокиќ натепаа навивач на трибина