Утрински Весник
Економија

Ковачевски за пазарењето во маркет: Сакам да испратам порака дека трговците ги почитуваат одлуките на Владата

Ковачевски за пазарењето во маркет: Сакам да испратам порака дека трговците ги почитуваат одлуките на Владата
300x250 (7)

Премиерот Димитар Ковачевски, по пазарењето артикли што треба да бидат со намалени цени, посочи дека е уверен оти цените се намалени. Според него, Владата не дозволила дебаланс на понудата и побарувачката. Тој рече дека со неговото пазарење сака да испрати порака.

dobivaj vesti na viber

„Денес, можевме сите да се увериме дека ова намалување се почитува од страна на производителите и трговците. Со мојата денешна посета сакам да испратам порака дека лично сакам да се уверам во тоа дека се почитуваат и применуваат одлуките што ги носиме и колку за тоа имаат слух производителите, доставувачите и трговците. Никого нема да оставиме сам да се справува со кризата, но и нема да дозволиме личното профитерство да се остварува врз грбот на граѓаните, особено сега кога последиците од кризата се немилосрдни. Очекувам од компаниите, трговците, производителите и доставувачите да имаат разбирање за општото, а не поединечното добро, да имаат разбирање за основните потреби на граѓаните, кои се и нивни консументи“, вели Ковачевски.

Ss1

Според него, мерките на Владата се исправни.

„Иако ваквите одлуки кај некои од производителите и трговците наиде на отпор, сепак беше во прилог на граѓаните што го поздравија овој наш чекор, што се покажа како правилен со оглед на тоа што не се дозволи дебаланс на понудата и побарувачката на домашниот пазар. Како продолжение на нашата одлука за замрзнување на цената на лебот, а по направените анализи, донесовме одлука за намалување од 15 проценети на цената на некои од тестенините, на некои од млечните производи, меѓу кои и кравјото млеко, урдата, јогуртот, киселото млеко, павлаката, кашкавалот, цената предвидовме да се намали 10 % во споредба со цената од 1 март оваа година“, додава Ковачевски.

Ss1

Можете да прочитате

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – 24info.mk

МЗШВ: Производителите на пролетна зелка можат да бидат спокојни, предвидуваме мерка за нивна поддршка