Утрински Весник
Свет

Лидерот на Доњецк: Тешко е во Бахмут, нема знаци дека Украинците се повлекуваат

„За руските сили кои се обидуваат да го заземат украинскиот град Бахмут, ситуацијата е „тешка“ бидејќи нема знаци дека Киев е подготвен да им нареди на своите војници да се повлечат“, изјави шефот на украинската област Доњецк, назначен од Москва, Денис Пушилин.

dobivaj vesti na viber

Руските сили предводени од приватната армија Вагнер со месеци се обидуваат да го опколат и заземат источниот украински град во она што се претвори во најкрвавата битка во едногодишната војна.

Русија, која го нарекува Бахмут со името Артемовск од советската ера, вели дека освојувањето на градот ќе и овозможи да започне повеќе офанзиви подлабоко на украинската територија, за која вели дека се бори да ја „ослободи“.

„Ситуацијата во Артемовск е сè уште сложена и тешка“, рече Пушилин во интервју за државната телевизија. „Тоа е, не гледаме индикации дека непријателот едноставно ќе ги повлече војниците“, додаде тој.

Можете да прочитате

Невработеноста во Германија во јули порасна на 6,4 проценти, без работа повеќе од три милиони луѓе

Бројот на загинати во мигрантската криза во Сеута се искачи на 27, Санчез пристигна во енклавата

Четири лица загинаа во лавината во северен Пакистан, по шест сè уште се трага