Утрински Весник
Македонија

Ковачевски во официјална посета на Берлин

Ковачевски: Вкупниот буџет за 2023 на Министерството за економија изнесува приближно 19 милиони евра

Премиерот Димитар Ковачевски е во официјална посета на Берлин, Сојузна Република Германија, на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц.

dobivaj vesti na viber

Во состав на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски, се и заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во рамки на официјалната посета која започнува во среда, во седиштето на Владата на Сојузна Република Германија е предвиден официјален пречек со државни почести, средба меѓу премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц, заедничка прес-конференција на премиерите, како и работна билатерална средба и вечера на двете официјалните делегации.

Главниот фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи и соработка меѓу Северна Македонија и Сојузна Република Германија, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Дополнително, теми на разговор ќе бидат и германската поддршка на македонскиот евро-интеграциски пат, реформскиот процес насочен кон исполнување на стандардите на ЕУ и други актуелни прашања од регионален и европски безбедносен аспект, информираат од Владата.

Во рамки на официјалната посета, премиерот Ковачевски ќе учествува на експертска дискусија во организација на фондацијата Фридрих Еберт и ќе има средба со претставници на здруженија на македонски иселеници во Берлин.

За време на посетата на Берлин, премиерот Ковачевски ќе има работна средба и со главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хотгес.

Можете да прочитате

Се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

Во Светиниколско регистрирани два пожари

Пожарот кој вчера избувна во Грчиште сѐ уште не е ставен под контрола – има четири критични точки