Утрински Весник
Економија

Новата директорка на Развојна банка е сопруга на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ

Dimitar dimovski.jpg

Ефимија Димовска, новата вршителка на должност член на Управен одбор – главен извршен директор на Развојна банка е сопруга на долгогодишниот член на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски. Димовска доаѓа на местото на Кире Наумов, долгогодишен кадар на СДСМ, објавува Слободен печат.

Димовски е дипломиран шумарски инженер. Во компанијата „Соларис“ каде што основач и содружник е неговата сопруга Ефтимија, тој е управител.


Во 2019 година Димовски беше на тапет од СДСМ дека купувал евтино земјиште и бил во бизнис со струја.

Димитар Димовски нема купено ниту еден квадрат државно земјиште, како што отворено лаже СДСМ. Димитар Димовски поседува земјоделско земјиште кое не е до градот Берово, и истото се наоѓа на планината Огражден на надморска височина од 1.500 метри купено од друго правно лице, каде сега имам насадено ореви – пишуваше во писмената изјава на Димовски.

Што се однесува до темата хидроцентрала, тој изјавил дека поседува едноцифрен удел во компанија која поседува хидроцентрала, а целокупната постапка за добивање концесија и нејзината изградба е преку целосно следење на процедурите пропишани со законски и подзаконски акти.

Можете да прочитате

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра

Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари 

Основната каматна стапка е непроменета – високата неизвесност и натаму е присутна, велат од НБРМ